Stalker Партнерска Програма
Вашата улога
Ова се Вашите најлесно заработените пари досега! Се што треба да направите е да дојдете до информации за некого кому му е потребен веб сајт или некоја од нашите услуги. Ние ги обработуваме податоците и го изработуваме веб сајтот или решението кое се бара, а Вие добивате 20% од сумата која клиентот ја плаќа. Нема никави трошоци кои ги плаќате однапред или скриени трикови.
Зошто е толку лесно?
Потенцијалниот пазар за веб сајтови е огромен. Секоја фирма, па и поединец, ќе има корист од тоа што ќе има свој веб сајт. Како најголем рекламен медиум достапен на луѓето, Интернет со сигурност станува најефективната алатка за пренос на информации и комуникации, и како таков не треба да биде скап! Специјалноста на Stalker е понудата на веб сајтови по достани цени кои ја приближуваат моќта на Интернет до секого.
Можете ли да успеете како Партнер?
Нашиот совет за Вас е, прво да размислите за луѓе кои имаат своја фирма(бизнис) или луѓе кои би можеле да бидат заинтересирани за веб сајт. Продавањето на луѓе кои ги познавате е лесно, и ако успеете ним да им продадете нешто, ќе стекнете доверба во нашите услуги и производи и во себе за да можете да им го понудите истото на непознати. Ние ќе Ве обезбедиме со сите информации за нашите услуги кои Ви се потребни при продажбата.
Дали треба да се исполнат одредени услови?
Единствениот услов кој треба да го исполните е да пројавите интерес за соработка и да не контактирате. Сите кои се спремни да го исполнат овој услов се добредојдени!
Што се случува кога ќе имам потенцијална продажба?
Можете да продолжите со разговорите со потенцијалниот клиент и да ја заклучите зделката или да ни ги доставите податоците од потенцијалниот клиент и ние да ја заклучиме зделката. И во двата случаи, Вие ги добивате Вашите 20% ако се оствари продажба на потенцијалниот клиент.
Кога се врши плаќањето кон мене?
Веднаш штом клиентот ја уплати договорената сума.
Постојат ли некакви цели кои треба да се исполнат?
Ние не ги поставуваме, туку оставаме Вашата мотивација и амбициозност да ги постават за Вас. Stalker Партнерската Програма нуди флексибилност која дозволува лесно да ја вклопите во Вашата агенда, дали како додатна активност или пак можеби како главна работна окупација.
|